Познати се
почетните состави за вечерашната пресметка помеѓу Милан и Шкендија во рамките
на првиот дуел помеѓу овие две екипи од плејоф рундата од квалификациите за
Лига Европа.
Ќатип Османи,
шефот на стручниот штаб на тетовските црвено-црни не менува речиси ништо ниту
во формациската поставеност во играта која ја практикуваше во претходните
натпревари, ниту пак во поглед на составот, го пикираше најдобриот.
Шкендија: Захов, Бејтулаи, Алими, Цицули, Ибраими,
Тотре, Хасани, Челиковиќ, Радески, Тодоровски и Абдурахими.
Во тимот ќе отсуствува
Бразилецот Жуниор кој е по суспензија поради црвениот картон во Литванија
против Тракаи, негова замена како и обично е Абдурахими.
Сево ова може да
биде увертира за добар фудбал од страна на нашиот вицепрвак, односно без
тактизирање со кое Османи ќе направи обид за поволен резултат пред реваншот во
нашата земја.
Мечот во Милано
ќе го суди австрискиот арбитар Харалд Лехнер.
Извор:
uefa.com
Фото-вест:
KF Shkendija (Facebook)