Пандев повеќе не е претседател на Брера

by Стефан
1 минути читање

Maкедонската фудбалска легенда Горан Пандев по назначувањето на функцијата спортски директо на сите фудбалски репрезентации во Фудбалската федерација ја напушти претседателската позиција во неговата Брера.

Пандев оставката ја поднел веднаш по преземањето на улогата во федерацијата со цел да нема судир на интереси.

„Од секогаш сум зборувал и залагал за развој на македонскиот фудбал и дека треба сериозно да се посветиме за прогрес на клупскиот и репрезентативен фудбал. Верувам дека новото раководство ќе го даде тој инпут на кој ќе бидеме горди сите ние како нација. Репрезентациите треба да бидат наша светост и треба да ги градиме во конутинитет. Имаме потенцијал само треба професионален пристап“, изјави Пандев

Објавата Брера ја искористи и да испрати честитки до новиот претседател Масар Омерагиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани