Славниот италијански тренер, Фабио Капело го коментираше однесувањето на Душан Влаховиќ во победата на „старата дама“ против Монца со 2:1.
Јувентус победи, но Влаховиќ во натпреварот не успеа ниту да асистира, ниту да постигне гол. Во таква ситуација не ја криеше нервозата по замената во 85. минута.
La reazione di #Vlahovic dopo essere stato sostituito. #MonzaJuventus pic.twitter.com/TpYlzIJHAc
— Daniele De Felice (@DanieleBibo) December 22, 2024
Капело смета дека Србинот не требало така да се однесува,.
„Се надевам дека бил лут на себе, а не на тренерот. Не разбирам зошто се однесуваше така, покажува непочитување кон тренерот и соиграчите на теренот. Можеби беше изреволтиран, но тоа не е оправдување“, изјави Капело.
Сезонава во Серија А, Јувентус по 17 кола се уште не знае за пораз, но има дури 10 нерешени натпревари и поради тоа заостанува девет бодови зад Аталанта која е лидер.