Како што пренесува весникот АС, во Реал Мадрид има големо незадоволство поради тоа што на речиси сите гостувања „кралевите“ играат од терминот 21 часот, или пак подоцна.
Реал Мадрид на најдобар можен начин ја заврши годината, триумфираше на Светското клупско првенство, а потоа со 4-2 ја совлада Севиља и ја прескокна Барселона на табелата.
Сепак, како што пренесува АС, има одредено незадоволство во таборот на „кралевите“.
Причина за бунтот е саатницата на натпреварите кои ги играат како гости, на дури 12 од 14 гостувања (вклучувајќи ги сите натпревари), Реал Мадрид играл од терминот 21 часот, или пак подоцна.
„Преку глава ни е од ситуацијава, секогаш кога играме надвор од Мадрид, не можеме да се прибереме до 3 часот наутро… и тоа ако имаме среќа. И следниот ден треба да станеме рано и да се појавиме на тренинг!“ – вели извор од соблекувалната.
„И онака е многу тешко да се одморите со толку многу натпревари и згуснат распоред“.
Друг извор пак додава: „Ова што ни се случува не е нормално! Но влезени сме во машина, па сето ова изгледа нормално“