Аморим ќе го слави Божиќ со најлошиот скор на Манчестер јунајтед во последните 35 години

by bojan
1 минути читање
Аморим

Преселбата на Рубен Аморим на Олд Трафорд, барем во првите месеци, донесе многу главоболки и во Манчестер јунајтед и во Спортинг.

По отказот на Ерик тен Хаг, „ѓаволите“ не се двоумеа многу и тргнаа по потписот на Рубен Аморим.

Спортинг не сакаше да го изгуби стратегот сред сезона, но не можеше ништо да стори откако Манчестер јунајтед ја активираше откупната клаузула од 10 милиони евра, а Рубен Аморим реши да го прифати големиот предизвик.

Но оваа зделка, барем во првите месеци, носи многу главоболки и во Манчестер јунајтед и во Спортинг.

„Ѓаволите“ во неделата забележаа нов разочарувачки пораз, дома загубија од Борнмут со 0-3, па за прв пат по 1989 година ќе бидат надвор од топ 10 на табелата на Божиќ.

Спортинг со Жоао Переира на кормилото забележа дури четири порази на осум натпревари, го загубија врвот на табелата, па се размислува за отказ по само шест недели, и покрај тоа што стратегот доби договор дури до 2027 година.

Како што пренесуваат медиумите, „лавовите“ сакаат да имаат нов тренер веќе за дербито против Бенфика на 29. декември.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани