Рафаел Варан се решил како обичен навивач да му даде поддршка на Ленс против ПСЖ, дефанзивецот добро се маскирал за да може на раат да ужива во големата пресметка во Купот на Франција.
Ленс синоќа го пречека ПСЖ во Купот на Франција, а на трибините имаше едно звучно име, кое ретко кој го примети.
Рафаел Варан решил како обичен навивач да му даде поддршка на домашниот тим, но сакал на раат да ужива во големата пресметка па добро се маскирал за да не му пречат другите.
À fond 🗣️… dans la masse 👀
— Racing Club de Lens (@RCLens) December 23, 2024
Enfant et amoureux du Racing, @raphaelvarane était de retour parmi les siens lors de #RCLPSG. Présent au cœur du kop lensois à Bollaert-Delelis, l'ancien joueur a donné de la voix pour encourager les Sang et Or ! ❤️💛#FiersDEtreLensois pic.twitter.com/FfD4wyg3Y7
Поранешниот репрезентативец на Франција е дете на Ленс, од каде на 18 години направи трансфер во Реал Мадрид, помина една декада во белиот дрес, освои еден куп трофеи и се промовираше во еден од најдобрите дефанзивци.
Рафаел Варан потоа се пресели во Манчестер јунајтед и помина три години на Олд Трафорд, за минатото да лето да направи изненадувачки трансфер во Комо. Сепак авантурата во Серија А му траеше кратко, поради честите повреди реши да оди во пензија со само 31 година.