595
Венеција го совлада Каљари на домашниот калчо-меч со 2-1, а една ситуација го одбележа натпреварот.
Се работи за поништен гол на Венеција во вториот дел на Гаетано Ористанио. Тој доби асистенција од Јоел Похјанпало и погоди, а потоа се „јави“ ВАР собата. На Марко Гвида му беше сигнализирано дека има офсајд, а бидејќи во Италија се користи полуавтоматски офсајд – тука нема дилема.
Сепак, впечатливо беше да се види дека Похјанпало се најде во недозволена позиција само со задниот дел на копачката, односно крампоните.