Неверојатен беше натпреварот од 18. коло на Хрватската прва лига во кој Хајдук славеше на гости кај Шибеник (1-2).
Долго време немаше погодоци на „Шубичевац“ во Шибеник, домаќините беа со човек помалку и мрежите мируваа до 74. минута. А, тогаш првата мајсторија – гол со ножички на капитенот Марко Ливаја за 0-1.
Тогаш следеа доста измени и Шибеник нападна, па следеше израмнување во 89. минута на мечот. Ништо тука немаше да биде чудно ако акцијата не се одвиваше околу бакља која беше фрлена на теренот. Играчот на домашните отиде од една страна, а неговиот чувар од Хајдук на друга. Топката заврши во шеснаесетникот, па по одбивање од стативата Кулишиќ реализира за 1-1 и лудило на цел стадион.
Сепак, набргу заврши славјето бидејќи Филип Кровиновиќ во судиското продолжение стрела за триумф на Хајдук од 1-2.