Фудбалерите на Виљареал во ефикасен натпревар славеа победа над Леганес во шпанското првенство со 5:2.
Виљареал и Леганес го одиграа еден од највозбудливите натпревари во ова коло, а на крајот се радуваа гостите.
По само шест минути Леганес го отвори резултатот, но радоста кратко им траеше бидејќи Виљареал преку Бери израмни во 16. минута. Раба по нешто повеќе од половина час го врати водството на Леганес, а Бери во последните моменти од првиот дел по вторпат донесе израмнување за својот тим.
Клучен момент за победата на Виљареал веројатно беше исклучувањето на Родригез во 58. минута. До крајот на средбата Виљареал постигна три гола преку Бери, Морено и Кабанас за конечен триумф.
Со овој триумф Виљареал ја прекина серијата од четири натпревари без триумф во кои имаа две реми и два порази.