1,8K
Eкипата на Барселона претрпе пораз во дербито со Атлетико Мадрид и така уште еднаш се потврди резултатската криза во тимот, па тренерот Ханси Флик размислува за нови засилувања.
Според информациите на медиумите една од желбите е фудбалерот од средниот ред Чави Симонс кој пред пет години си замина од каталонскиот гигант.
Холандскиот фудбалер во 2019 година ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ за 1.5 милион евра, додека денес вредноста му се проценува на 80 милиони.