1,K
Фудбалерите на Лацио сериозно се измачија за да ја победат екипата на Лече (1-2) во 17. коло на Серија А.
Тргнаа „бјанкочелестите“ добро, имаа серија шанси преку Лацари, Исаксен, Кастељанос… Сепак, мрежите мируваа до пред крајот на полувремето. Тогаш Фредерик Гилберт направи голема глупост, со рака блокира чист гол на гол-линијата. За тоа беше исклучен, а Тати Кастељанос реализира од белата точка за 0-1.
Во вториот дел Лече и со десетмина успеа да израмни преку Тете Моренте кој стрела за 1-1 во 50. минута од мечот.
До крајот на средбата Лацио притисна, а тоа му се исплати во 87. минута кога Адам Марушиќ го матира Фалконе за 1-2 и победата.