Во Минхен на „Алијанц стадионот“ вчера требаше да има голема „Божиќна прослава“, но истата беше откажа поради нападот кој се случи во Магдебург.
Имено, како што е познато лице со автомобил влета во толпа луѓе и според последните информации загинале пет лица, а над 200 се повредени.
Баерн вчера го декласираше Лајпциг со 5:1, но на стадионот на никој не му беше до славје.
„Можеби веќе сте слушнале или прочитале, имаше страшен напад во Магдебург. Не е потврден број на загинати и повредени откако едно лице влета во топла луѓе на божиќе базар. Поради тоа прославата е откажана и ќе ве замолам сите да станете“, објасни директорот на Баерн, Јан Кристијан Дрисен.
«Silent Night, Holy Night». L’omaggio dell’Allianz Arena alle vittime dell’attentato di #Magdeburg, al termine della partita tra Bayern Monaco e Lipsia. pic.twitter.com/5jiDcVQlIB
— Marco Fattorini (@MarcoFattorini) December 20, 2024