1,K
Германскиот Суперкуп од следната година ќе го носи името на легендарниот Франц Бекенбауер.
Информацијата ја потврдија од Фудбалскиот сојуз на Германија.
„Франц би бил среќен натпреварот помеѓу шампионот во првенството и победникот во Купот да го носи името по него“, изјави сопругата на славниот фудбалер, Хеиди Бекенбауер.
Бекенбауер почина на 7 jaнуари оваа година и се смета за најголемиот германски фудбалер на сите времиња. Во 1974 година ја предводеше репрезентацијата на Германија до титулата светски шампион, а во 1990 тој успех го повтори и како селектор.