1,7K
Маркус Рашфорд од дома го следеше големото дерби против Манчестер Сити, а така е и денеска во мечот од Лига Купот против Тотнем.
Пред натпреварот Аморим беше прашан зошто повторно е изоставен Рашфорд.
„Зошто Рашфорд не е повикан? Селекција. Ги одбирам фудбалерите кои чувствувам дека се подготвени за барањата да се одигра силен натпревар“, рече Аморим.
За разлика од Рашфорд, Гарначо се врати во тимот. За него Аморим претходно рече дека бил задоволен како работел на тренинзите откако беше изоставен на мечот со Сити.