80
Откако раководството на Вардар одличи да ги пушти сите билети по цена од 300 денари, тие забрзано почнаа да се трошат.
Според онлајн продажбата на ТикетсПлус, на два дена до почетокот на мечот остануваат уште околу 9.000 билети во продажба.
Реални се шансите до четврток натпреварот да биде распродаден, па Вардар и Фенербахче да играат пред полна „Телеком“ арена.
Вардар во натпреварот ќе влезе без тренерот Гоце Седлоски кој си поднесе оставка, на негово место наскоро треба да биде промовиран Чеде Јаневски.
Црвено-црните ангажираа и две засилувања, напаѓачот Итало и фудбалерот од средниот ред Куајнор.