631
Севиља објави дека ги прекинува сите односи со градскиот ривал Бетис поради последните изјави на претседателот на овој клуб Анхел Хара.
Првиот човек на Бетис неодамна кажа дека Севиља ќе биде одговорна ако дојде до раст на насилството меѓу навивачите. Тоа предизвика огромни реакции, па градскиот ривал не остана нем на ситуацијата.
Севиља се реши за интересен потег и најави дека ги прекинува сите официјални односи со Бетис. Обично градските ривали имаат одреден однос и заеднички проекти, меѓутоа тоа во Андалузија во следните години ќе го нема.
На „Рамон Санчез Писхуан“ зборовите на претседателот ги сфатија како провокација кон навивачите и остро го осудија потегот.