Јувентус продава двајца фудбалери за да го врати Сандро Тонали во Серија А

by bojan
1 минути читање
Јувентус

„Бјанконерите“ во понеденикот имале состанок на кој се дискутирало за трансфер плановите во јануари, едно од имињата кои биле споменати бил поранешниот фудбалер на Милан, Сандро Тонали.

Денешното издание на Кориере дело Спорт вели дека Јувентус сака да го врати Сандро Тонали во Серија А.

Спортскиот директор на „старата дама“, Кристијано Џинтоли во понеденикот имал состанок со неговиот близок соработник Франческо Романо и главниот скаут Стефано Стефанели.

Биле водени дискусии за трансфер плановите во јануари, и покрај желбата за ангажман на нов дефанзивец, се кроеле планови за ангажман на динамичен фудбалер од средниот ред.

КДС додава дека главна желба е Сандро Тонали од Њукасл, кој има цена од околу 55 милиони евра.

Па за да се реализира една ваква зделка, Јувентус ќе мора да продава, и одредени се две имиња – Николо Фаџоли и Кенан Јилдиз.

Особено изненадува второто име, со оглед на тоа деа младиот Турчин е еден од најдобрите поединци на „бјанконерите“ оваа сезона и ја доби популарната „10-ка“.

Но Кристијано Џинтоли си има свои математики – продажба на Кенан Јилдиз (35-40 милиони евра) ќе генерира голема капитална добивка, плус Тијаго Мота ќе има доста избор на таа позиција со Консеисао, Ноко Гонзалез, сестраноста на Веа како и младите Мбангула и Аџиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×