1,5K
Фудбалерите на Јувентус немаа проблеми и славеа убедлива победа во четвртфиналето од Купот на Италија против Каљари со убедливи 4:0 со што обезбедија место во осминафиналето.
Доминираше Јувентус од самиот почеток и создаваше шанси за гол, а резултатот го отвори Душан Влаховиќ во првото полувреме.
Во вториот дел во листата на стрелци се запишаа уште Теун Копмајнерс, Франциско Консеисао и Николас Гонзалес кој во финишот го постаи конечниот резултат.
По овој натпревар Јувентус го чека гостување кај Монца во во Серија А каде што „старата дама“ е во серија од четири нерешени натпревари.