Господски потег на Алонсо: Потроши 70.000 евра и ги израдува луѓето во стручниот штаб на Леверкузен

by Стефан
1 минути читање
Чаби Алонсо

Фудбалерите на Баер Леверкузен минатата сезона испишаа историја со освојувањето на Бундеслигата, а тренерот Чаби Алонсо сега направи господски кон членовите на стручниот штаб на неговиот тим.

Шпанскиот стратег одвоил околу 70.000 евра за да изработи реплики на шампионскиот трофеј за сите членови на струшниот штаб.

Иако Алонсо е најзаслужен сепак шпанскиот стратег сакаше да одраде признание и на луѓето кои се „зад сцената“.

За медиумите Алонсо изјави дека во минатото правел реплики и за неговите поблиски пријатели, па сега истото го направил и за членовите на стручниот штаб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани