Италијанскиот фудбалер Симоне Мураторе до пред пет години ги живееше своите соништа како фудбалер на Јувентус, за кого само три дена по потпишувањето на договорот дебитираше во Лигата на шампионите, но потоа следуваше целосен пресврт во неговата кариера.
По трансферот во Аталанта и позајмиците на Реџана и Тондела, на Мураторе му беше дијагностициран тумор.
Поради ова, тој ја напушти Аталанта во летото 2023 година и беше принуден да паузира во кариерата, а успеа да ја добие битката на својот живот и да го победи туморот, но сепак не успеа да продолжи да игра професионално фудбал.
По тешката битка Мураторе сега призна дека морал одново да учи да оди поради болеста.
„Поминаа денови, недели, месеци, години на страдање. Морав повторно да научам како да зборувам правилно, да одам, да трчам, да пишувам, да читам и да бројам. Беше како повторно да станав дете и требаше да почнам одново. Пробав сè и ми требаа солзи и пот за да се вратам, но не бев како порано, сфатив дека имав среќа да играм со извонредни играчи, шампиони, на теренот, но пред се надвор од теренот. Благодарен сум за сè што направив и постигнав во таа зелена ложа заедно со моите соиграчи, кои подоцна ми станаа пријатели, тие беа славни години, теренот, соблекувалната, страста, тоа се работи кои тешко се објаснуваат ако не сте ги доживеале“, стои во објавата на Мураторе.
Мураторе беше и член на младинската репрезентација на Италија и играше за сите возрасни категории до возрасната група до 21 година. Успеа да одигра само пет натпревари за првиот тим на Јувентус пред трансферот во Аталанта.
Според последните најави од Италија, ,Јувентус му понудил место во стручниот штаб во младинските категории со цел да продолжи да биде дел од фудбалот.