Најжестоките навивачи на Милан од Курва Суд решија да го изразат револтот против газдите од Америка на денот кога клубот одбележа 125 години постоење.
На вчерашниот натпревар против Џенова, Милан го прослави својот голем јубилеј – 125 години од основањето, но атмосферата на Сан Сиро не беше славеничка, барен не на трибината резервирана за ултрас навивачите.
Тифозите решија да го изразат револтот против газдите од Америка, потезите кои тие ги влечат како и резултатите во последно време.
Протестот почна уште пред почетокот на натпреварот, кога пред стадионот беа објавени пароли на кои пишуваше: „Ви дадовме време и безрезервна поддршка, но преку глава ни е од вашата просечност“ и „Неспособни директори, клуб без амбиција. Не сте достојни на нашата историја!“.
Внатре на стадионот, кога беше церемонијата, навивачите испратија свирежи за Златан Ибрахимовиќ и Џорџо Фурлани, а кога натпреварот заврши 0-0, свирежи добија и фудбалерите и тренерот Пауло Фонсека.
Исто така се слушаа скандирања како „Не не заслужувате“, „Преку глава ни е“ и „Ние не сме Американци“.
После 16 кола во Серија А, Милан се наоѓа на 8. место на табелата со 23 бода, односно дури 14 помалку од лидерот Аталанта. „Росонерите“ имаат скор од 6 победи, 5 нерешени и 4 порази.