Баерн Минхен го забележа првиот пораз во Бундеслигата оваа сезона, попладнево Маинц го изненади фаворит и славеше со 2-1 пред своите навивачи, Баер Леверкузен беше сигурен кај Аугсбург и триумфираше со 0-2.
Маинц ги израдува ривалите на Баерн за титулата, момците на Хенриксен попладнево ги изненадија „баварците“ и им го нанесоа првиот пораз во Бундеслигата оваа сезона.
Херој на домаќините беше Ли Џае Сунг, кој два пати ја тресе мрежата, прво во финишот од првиот дел, а потоа и по еден час игра за 2-0 и огромна радост. Баерн Минхен до крајот на натпреварот само успеа да го ублажи поразот преку Сане во 87. минута.
Баер Леверкузен беше сигурен на гостувањето кај Аугсбург, триумфираше со 0-2 и дојде на -4 во однос на Баерн.
Борусија Менхенгладбах со убедливи 4-1 го совлада Холштајн Кил, а мечот помеѓу Унион Берлин и Бохум не го дочека крајот откако гостинскиот голман беше погоден со запалка во завршните мигови.