Аталанта со 0-1 славеше на гостувањето кај Каљари и испиша историја, „црно-сините“ од Бергамо за прв пат наредија 10 победи во Серија А.
Аталанта во вторникот можеби загуби од Реал Мадрид во Лигата на шампиони, но момците на Гасперини продолжуваат да „газат“ во Серија А.
Попладнево, „црно-сините“ од Бергамо славеа со 0-1 на гостувањето кај Каљари и испишаа историја откако за прв пат наредија 10 победи во најсилното првенство на Италија.
⚽️ GOAL 🇮🇹 | Cagliari 0-1 Atalanta | Zaniolopic.twitter.com/DDV5rp3JkU
— Goals Xtra (@GoalsXtra) December 14, 2024
Натпреварот го реши Николо Заниоло, кој ја затресе мрежата на домаќините во 66. минута, а голема заслуга за победата има и голманот Карнесеки, кои имаше неколку одлучни одбрани.
Со оваа победа, Аталанта креираше +5 на врвот во Серија А и ги стави под дополнителен притисок ривалите за Скудетото.