Најтешката ноќ на Хесус Навас: Не можам да спијам, сакам времето да запре

by bojan
1 минути читање
Хесус Навас

Легендата на Севиља, Хесус Навас денеска ќе го одигра последниот натпревар пред своите навивачи, искусниот Шпанец имаше емотивна објава на социјалните мрежи и порача дека сака времето да запре.

Навивачите на Севиља денеска ќе се збогуваат со играчот кој најмногу пати го носеше „црвено-белиот“ дрес и кој има освоено најмногу трофеи во историјата на клубот.

Хесус Навас попладнево против Селта ќе го игра последниот натпревар на „Рамон Санчез Пизхуан“ во својата кариера.

Па искусниот Шпанец ноќеска имаше емотивна објава на социјалните мрежи.

„Тешко ми е спијам, сакам времето за запре… Многу спомени и емоции проживеавме заедно, неверојатно е колку многу љубов ми покажавте. Среќен сум за сè, ах само колку те сакам моја Севиљо“ – напиша Хесус Навас на социјалните мрежи.

39 годишниот фудбалер, по овој натпревар, ќе има прилика да одигра уште еден и тоа на „Сантијаго Бернабеу“ да стави крај на успешната кариера.

Хесус Навас беше блиску до пензија уште минатото лето, но тогаш се случи неверојатен пресврт, Севиља му понуди доживотен договор и опција да бира каква позиција сака да има во клубот, а тој реши да одигра уште шест месеци и тоа бесплатно, сите пари ќе бидат донирани во добротворни цели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани