Манчестер Сити има две имиња на ум за замена на Родри во јануари, едното е два пати поскапо од другото

by bojan
1 минути читање
Родри

Медиумите од „островото“ и понатаму пишуваат дека Манчестер Сити во јануари ќе се обиде да донесе замена за повредениот Родри, се шпекулира со имињата на Мартин Зубименди од Реал Сосиедад и Бруно Гимараеш од Њукасл.

„Граѓаните“ оваа недела ги објавија последниот финансиски извештај, беа забележани рекордни приходи од 715 милиони фунти (околу 859 милиони евра)  и остварена добивка од 73,8 милиони фунти (нешто над 88 милиони евра).

Па ова беше протолкувано како можност Пеп Гвардиола и Манчестер Сити да го одврзат ќесето во зимскиот преоден рок.

Приоритет е ангажман на замена на повредениот Родри, за кого сезоната е завршена по тешката повреда на коленото.

Актуелниот шампион на Англија на ум има две имиња, Мартин Зубименди од Реал Сосиедад и Бруно Гимараеш од Њуксал.

Цената на Шпанецот е околу 50 милиони фунти (60 милиони евра), додека пак Бразилецот е двојно поскап и се проценува на 100 милиони фунти (120 милиони евра).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани