455
Јавното обвинителство на Шведска соопшти дека го повлекува обвинението против Килијан Мбапе за силување поради тоа што немаат докази.
Во октомври беше покренато обвиниение против Килијан Мбапе за наводно силување за време на репрезентативната пауза во истиот месец.
Французинот тогаш не играше за својот национален тим и со своите пријатели отпатува на забава во Стокхолм. Денот по забавата шведските медиуми пишуваа за наводно сексуално малтретирање од страна на фудбалерот, по што беше поведена и судска постапка.
Сепак во овие два месеци не се пронајдени докази против Мбапе па обвинението е повлечено.