Ѕвездата на Атлетико без маица и по шорцеви на 0 степени го шета кучето, вели дека има многу бенефити

by bojan
1 минути читање
Маркос Љоренте

Маркос Љоренте од Атлетико Мадрид одново креираше контроверзија на социјалните мрежи откако „се пофали“ дека без маица и по шорцеви на 0 степени го шета кучето и објасни дека ова носело многу бенефити.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Маркос Љоренте има страшно тело, Шпанецот внимава на тренингот, диетата, одморот и сонот за секогаш да биде во топ форма.

Сепак, тој често знае да предизвика контроверзија, така беше и летоска кога на замерките дека не треба да се сонча без крема за заштита, порача: „Ако мислите дека рак на кожа се добива од сонцето, тогаш сте крал на незнајковците“.

Маркос Љоренте сега повторно се снајде во фокусот откако „се пофали“ дека без маица и по шорцеви на 0 степени го шета кучето и објасни дека ова носело многу бенефити.

„Многу луѓе не го знаат ова, но науката покажа дека ладното го зголемува мелатонинот. Ова е хормон антиоксидант. Ладното е бесплатно, па затоа никој не ви го препорачува. И не, нема да „фатам“ настинка. Токму спротивното, невозможно е да настинам“ – гласеше дел од пораката на фудбалот.

Ова повторно покрена дебата на социјалните мрежи, има многу луѓе кои му аплаудираат за дисциплината во животниот стил кој го практикува, но добар дел му замеруваат и сметаат дека испраќа лоша порака.

И додека тој можеби е во право дека ладното само по себе не носи настинка, бидејќи настинките и грипот се вирални инфекции, нема истражувања кои покажуваат директна врска помеѓу изложеност на ладно и зголемено лачење на мелатонин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани