На вчерашниот натпревар против Аталанта, навивачите на Реал Мадрид прв пат оваа сезона уживаа во голови од триото составено од Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Џуд Белингем.
„Кралевите“ уште еднаш покажаа дека можат да испорачаат резултат во Лигата на шампиони кога е најпотребно и синоќа со 2-3 славеа во Бергамо против Аталанта за важни три бода, кои ќе донесат доза на спокој во пресрет на последните две кола.
Покрај важната победа, навивачите на Реал Мадрид исто така за прв пат оваа сезона уживаа во голови од триото составено од Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Џуд Белингем.
Дури по 23 одиграни натпревари, главните ѕвезди на „кралевите“ постигнаа гол на ист натпревар и зад ова стои еден потег на Карло Анчелоти.
Стратегот реши да ја промени позицијата на Џуд Белингем, односно да му даде поголема слобода на Англичанецот во нападот и неговата улога да не биде ограничена само на лево крило, или десно крило или пак како креативец во средниот ред.
Џуд Белингем има дозвола да „оперира“ насекаде по теренот и да бара простор и пукнатини во одбраната на противниците, и ова не само што го прави Англичанецот опасен по противничкиот гол (постигна шест погодоци на последните седум натпревари), неговите движења отвораат простор и за останатите, како што беше случајот вчера против Аталанта, кога во листата на стрелците се запишаа и Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.
Сите се задоволни од потегот на Карло Анчелоти и сметаат дека е направен значен чекор во права насока.