Фудбалерите на Силекс станаа есенски шампион во Првата македонска фудбалска лига, откако го обезбедија првото место со триумф над Вардар (1-0). Човек на одлука на овој натпревар беше Кристијан Ефтимов кој во првиот дел донесе водство за кратовчани и потоа истото го одбранија. На овој натпревар вреди да се издвојат и двата црвени картони кои ги добија Илија Донов и Дејан Ѓуриќ. Вардар се обиде да се врати резултатски, но немаше сили, а поблизу до втор гол беше Силекс.
Празно реми кое не им одговараше на ривалите одиграа Шкендија и Гостивар (0-0). Натпреварот на „Градскиот стадион“ во Кратово понуди битка, но не и погодоци, а од ситуацијата профитира најмногу Силекс.
Работнички со стил ја заврши годината и го совлада Пелистер со 3-0. Двоен стрелец за „романтичарите“ беше Мазари, а еднаш погоди и Али Регба.
Струга го одбрани домашниот терен и со двата погодоци на Христијан Малески стигна до победа над Воска (2-1). Гостински минимален триумф забележа Шкупи во Гостивар кај Беса (0-1). До победата чаирчани стигнаа со автоголот на Силјановски.
Домашно славје забележа и тиквеш против Брера Струмица (2-0). Стрелци за кавадарчани беа Манасиевски и Стојкоски, а овој меч го одбележаа трите црвени картони.
Табела: 1. Силекс (37), 2. Шкендија (37), 3. Работнички (37), 4. Гостивар (35), 5. Струга (32), 6. Шкупи (22), 7. Пелистер (19), 8. Брера (19), 9. Тиквеш (14), 10. Беса (13), 11. Вардар (13), 12. Воска Спорт (12).