Лопетеги пред отказ: Четири кандидати во битка да го наследат

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Вест Хем се наоѓа во резултатска криза и поразот од Лестер со 3:1 во рамките од 14. коло во Премиер лигата беше натпревар кој само ја влоши ситуацијата на Јулиен Лопетеги.

Клубот од Лондон запиша порази на последните два натпревари и на првенствената табела се наоѓа на 14. место што е позиција која е под очекувањата на луѓето во раководството и навивачите.

Англиските медиуми пренесуваат дека иднината на Лопетеги е под сериозен знак прашалник. Наводно клубот има листа од четири кандидати за негов наследник.

На споменатата листа наводно се: Грем Потер, Сержио Консесиао, Един Терзиќ и Каспер Хјлманд. Терзиќ е без работа од летото кога заврши неговиот мандат во Борусија Дортмунд со која дојде до финалето во Лигата на шампионите.

Единствен од сите четворица кои имаат ангажман е Хјлманд кој работи како селектор на Данска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×