Бекот на Манчестер јунајтед, Лук Шо објави стори на социјалните мрежи во кое ја искажа својата фрустрација по уште една повреда која ќе го одложи неговото враќање на теренот.
Лук Шо мака мачи со повреди во текот на кариерата. Се очекуваше негово враќање на теренот, но тоа е одложено поради нова повреда, ќе треба да отсуствува уште неколку недели.
Тој е фрустриран, а лошата информација ја сподели на социјалните мрежи.
„Здраво момци, боли што треба да го напишам ова бидејќи навистина мислев дека ги надминав последните проблеми и бев на позитивен пат одејќи напред, но за жал имам се случи нов мал проблем. Поминав многу, имав многу подеми и падови, но ова дефинитивно е мојот најтежок период. Апсолутно сум уништен и ми е екстремно тешко да се помирам со реалноста во овој момент“, вели Шо.
„Разбирам дека ќе има луѓе кои се фрустрирани, лути, разочарани и го разбирам сето тоа. Но никој повеќе не го чувствува тоа од мене во овој момент. Можам да ветам дека ќе направам се за да можам да се вратам побрзо и да му помогнам на клубот да ги оствари амбициите оваа сезона. Ви благодарам на сите за поддршката. Навистина го ценам тоа“.