Славниот англиски фудбалер, Ешли Јанг пред крајот на кариерата ќе има можност каква што немал никој друг претходно во Англија.
Имено, во рамките од третата рунда од ФА Купот Евертон каде што сега настапува Јанг ќе се соочи со тимот на Питербороу и тоа ќе биде дуел на татко и син.
Тајлер јанг настапува за овој нисколигаш и медиумите во Англија пренесуваат дека никогаш претходно не се случило татко и син да играат еден против друг на официјален натпревар.
Синот на Јанг има 18 години, а тој 39 и секако дека нивната битка на теренот ќе привлече внимание. Трајлер Јанг изминатото лето ја напушти академијата на Арсенал и со Питербороу го потпиша првиот професионален договор.
WOW………. Dreams Might Come True 🙏🏾🤞🏾💙#FaCup #GoosebumpsMoment #YoungVsYoung
— Ashley Young (@youngy18) December 2, 2024