Спортинг Лисабон
на социјалните мрежи постави фотографија на која со графички приказ ја наведе
неговата позиција на која игра, бројот на настапи за Македонија, освоени трофеи
и други статистички податоци за 25 годишниот фудбалер.
При објавата
тимот од Лисабон ги праша своите фанови да дадат свое мислење за Македонецот,
еве дел од нивните одговори…
„Конечно најдовме
квалитетен десен бек, остануваат уште некои ситни детали во дефанзивната линија
кои мораме да ги решиме, мислам дека составот е сега многу побалансиран во
однос на ланската сезона, но се уште имаме некои позиции кои треба да ги
засилиме“
„Одличен
фудбалер, но сеуште имаме работа да ја засилиме дефанзивната линија, би
преферирал интернационалец, со искуство од големи натпревари…“
„Мислам дека оваа
сезона ќе бидеме многу поквалитетни со Ристовски, станува збор за брз фудбалер кој
ни беше потребен за таа позиција…“
„Неговите настапи
ќе го кажат конечниот збор околу него. Квалитетот на терен ќе мора да го
потврди, но, 25 годишен фудбалер со 33 настапи за својата репрезентација? Нека
е и Македонија, тоа ме уверува дека станува збор за одличен фудбалер, подобар
во секоја смисла во однос на Пицини“
„Најдобриот бек
во Хрватска изминативе две сезони, две години по ред… Подобро не можеше да
биде“