75
Фудбалерот на Фиорентина, Едуардо Бове го исплаши фудбалскиот свет откако колабираше за време на натпреварот со Интер по што мечот беше прекинат.
Настана паника на теренот, а тој во безсознание беше пренесен во болница.
Последните информации велат дека Бове се освестил, самостојно дише и е надвор од животна опасност.
Тој останува во болница каде ќе му бидат извршени испитувања по кои точно ќе биде утврдена причината поради која колабираше.
Дополнително ќе биде утврдено и кога ќе продолжи мечот меѓу Фиорентина и Интер.