Луди 45 минути во Лондон: Вест Хем-Арсенал е само четвртиот натпревар со дури СЕДУМ голови во прво полувреме!

by bojan
1 минути читање
Арсенал

Вест Хем и Арсенал одиграа луди први 45 минути и приредија шоу во кое љубителите на фудбалот уживаа во дури седум погодоци.

Дербито на Лондон на „Олимпискиот стадион“ донесе нова историја, Вест Хем-Арсенал е само четвртиот натпревар во Премиерлигата на кој паднале седум погодоци во првото полувреме.

„Топчиите“ започнаа моќно и во 36. минута поведоа со 0-4, за Вест Хем со два брзи гола да ја вратат неизвесноста и да намалат на 2-4. Сепак, длабоко во судиското надополнување падна уште еден гол, Сака од пенал реализираше за 2-5.

Претходно, седум гола во прво полувреме имало и на на натпреварите Блекбурн-Лидс во 1997, Брадфорд-Дерби во 2000 и Ридинг Манчестер јунајтед во 2012.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани