Поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дугари не го штедеше Луис Енрике и тој нагласи дека кризата на ПСЖ е негова вина. Според екс-фудбалерот тренерот на парижани е под нивото кое се бара.
Тој го обвини за измисмување на лоша тактика против Баерн Минхен, а исто така нагласи дека сам си го креирал тимот за кој се смета дека е послаб од оние во минатото.
„Играчите на ПСЖ играат слабо, ама не смее да се игнорира фактот дека тренерот е главен виновник. Енрике е виновен за се што се случува. Тој ги бира играчите и тактиките, мора да се игра подобро. Нека ми објасни некој, како можеше со Баерн да игра со 4-4-2, со згуснат среден ред и Баркола со Дембеле во нападот. Како можеше да измисли таква формација? Тоа беше нов систем, не е ни чудо што играчите беа збунети.
Некој ќе рече тоа е моменталниот квалитет на ПСЖ, ама да не заборавиме дека ниту еден тренер немал слобода да креира тим како Енрике. Сега велиме дека нема играчи, а тој самиот инсистираше Нејмар и Верати да се продадат. Доведе нови играчи за стотици милиони евра, а цело време има нови изговори. Добро ги знам ваквите тренер, таков беше и Ван Гал додека ја водев Барса. Сам за себе мисли дека е генијалец, ама кога ги нема Меси и Нејмар се гледа дека е неспособен“, изјави Дугари.
Парижани котираат катастрофално во Лигата на шампионите, по пет одиграни меча имаат само четири бода и тоа е катастрофален учинок.