Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Мајкл Овен вели дека има инсајдерски информации за иднината на Мохамед Салах во Ливерпул, вели дека проблем е должината на договорот.
Мохамед Салах крена многу прашина откако по победата над Ипсвич откри дека Ливерпул се уште му нема понудено нов договор и во моментов тој е поблиску до заминување од Енфилд, отколку до останување.
Поранешниот напаѓач на „црвените“, Мајкл Овен вели дека има инсајдерски информации за целата ситуација, и главен проблем е должината на новата соработка.
„Мислам дека навивачите ширум светот ќе бидат гневни на клубот. И доколку навистина е точно тоа што го зборува Салах, и немам причина да мислам дека Мо лаже, навистина е лошо“ – вели Мајкл Овен.
„Од она што јас го слушнав, Салах сакал подолг договор. Кога сте млад, преферирате пократки договори за да бидете попривлечни, но кога сте постар, сакате стабилност и сигурност“.
„Тој е во топ физичка форма, и понатаму редовно ги тресе мрежите, но ако бара петгодишен договор, или нешто слично, сосема нормално е тоа што клубот добро ќе размисли“.
„Моите извори ми кажуваат дека главниот проблем е должината на договорот“.