Аргентинската легенда Алехандро Папу Гомез веќе две години паузира од фудбалот поради допинг-суспензија.
36-годишниот Аргентинец своевремено беше позитивен на тербуталин, тестирањето беше направено неколку седмици по освојувањето на Светското првенство. Потоа беше суспендиран и оттогаш не смее професионално да се занимава со фудбалот.
Сепак, тоа не го спречува Папу Гомез. Ветеранот тренира со нисколигаши, во претходните денови тренираше со Манчего Сиудад Реал, клуб кој се натпреварува во петтиот ранг на фудбалот во Шпанија. Гомез се обидува да одржи каков-таков ритам, да не падне физички во целост и со тоа сака да остане во комбинација за потпис со некој европски клуб по истекот на суспензијата.
Во својата кариера Папу Гомез играше за Арсенал Саранди, Сан Лоренцо, Катанија, Металист Харков, Аталанта, Севиља, а последно беше дел од Монца.