Англиската легенда: Ова е почеток на крајот за Хари Кејн…

by 24 фудбал
1 минути читање

Хари Кејн ќе остане запаметен како еден од најдобрите стрелци во историјата на Англија. Во моментов е на врвот на оваа листа, има 69 гола на 103 натпревари, а во оваа генерација не се наметнува фудбалер кој може да го достигне и надмине.

Сепак, според легендата на Манчестер Јунајтед и Англија, Пол Сколс, ова е почеток за крајот на репрезентативната кариера на Кејн.

Мене ова ми изгледаше како крај за Хари Кејн, поточно почеток на неговиот крај. Изгледаше како местото да не му е во тимот. Кога стареете, чувствувате дека сè околу вас се случува брзо, а мене тој ми изгледаше така. Не знам кој ќе го замени“, заклучи Сколс.

Репрезентацијата на Англија есенва се врати онаму каде што припаѓа, во А сегментот од Лигата на нациите, освојувајќи го првото место во групата од Лига Б.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани