Медиумите од Англија пренесуваат дека Јирген Клоп го имал идентификувано Антони како наследник на Мохамед Салах, но еден ваков трансфер никогаш не се реализирал откако „црвените“ го убедија Египјанецот да стави потпис на нов договор.
Во 2022 година постоеше можност Ливерпул да остане без Мо Салах откако запнаа преговорите за нов договор.
Тогаш се кроеле планови кој би можел да го замени Египјанецот, и Јирген Клоп го идентификувал Антони од Ајакс како една опција.
Сепак, раководството на Ливерпул на крајот успеа да го убеди Мохамед Салах да ја продолжи верноста, па еден ваков трансфер никогаш не се реализирал.
Летото во 2022 година, Антони сепак се пресели во Премиерлигата, но во редовите на Манчестер јунајтед во зделка вредна околу 100 милиони евра.
Бразилецот никогаш не ја оправда вложената сума и важи за големо трансфер промашување на „црвените ѓаволи“, додека пак Мохамед Салах продолжува да блеска во дресот на Ливерпул.