Поранешниот играч на Интер, Фреди Гуарин проговори за проблемите кои ги имал надвор од теренот, малку фалело да си го одземе животот поради алкохолот.
Фреди Гуарин повторно си ја отвори душата и говореше за своите пороци.
Колумбиецот, кој во 2012 направи трансфер во Интер, открива дека долго време се мачел со алкохолизам, почнал да пие уште додека бил дел од „нероаѕурите“, а работите само се влошувале во следните години и авантурата во Кина во редовите на Шангај Шенуа.
Најцрниот период го доживеал во Бразил (потпиша за Васко да Гама), за време на коронавирус пандемијата, кога малку фалело да си го одземе животот.
„Ми беше подобро во Бразил, шест месеци бев најсреќниот човек во светот, но тогаш пристигна пандемијата“ – раскажува Фреди Гуарин.
„Пиев по 50, 60 па и 70 пива во една вечер. Целосно изгубив контрола. Излегував во Фавелите, бев во потрага на опасност и адреналин. Имаше еден период кога 10 дена по ред бев мртов-пијан. Се будев со пиво покрај мене“.
„Живеев на 17ти спрат, и бев толку оддалечен од реалноста што скокнав од балконот. За среќа имаше мрежа под мене, па само се одбив и се вратив назад“.
„Тогаш ми светна дека сигурно ќе умрам ако уште еднаш се опијанам. Се надевам дека мојата исповед ќе им помогне на луѓето ширум светот и можеби ќе спасам некого“.