Чудо во најава: Ако нема изненадувања Сан Марино би играл бараж за СП!

by 24 фудбал
2 минути читање

Фудбалската репрезентација на Сан Марино режира вистинско чудо, откако се пласира во Лига Ц од Лигата на нациите освојувајќи го првото место во групата.

Се работи за најлошата репрезентација во светот според резултатите низ историјата, но оваа селекција имаше добар циклус во Лига Д и тоа го круниса со пласман скалило погоре. Сепак, тоа не е се бидејќи Сан Марино може сериозно да профитира од овој пласман и тоа со настап во баражот за Светското првенство во 2026 година.

Математиката е иста како онаа на Македонија, доколку нема изненадувања и сите фаворити од првиот и вториот шешир се пласираат на Мундијалот, тогаш во бараж оди и Сан Марино.

Оваа мала земја би била четвртата во низата (пред неа котираат Македонија, Северна Ирска и Молдавија) за пласман во баражите. Сепак, за такво нешто да се исполни треба сите освојувачи на групите во Лигата на нациите (Шпанија, Португалија, Германија, Франција, Англија, Норвешка, Турција, Чешка, Романија и Шведска) да се пласираат на Светско првенство преку регуларните квалификации.

Не е така лесно за исполнување, ама без да направи ништо повеќе селекција како Сан Марино би можела во бараж…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани