Аргентинскиот стратег Диего Симеоне според последните најави би можел да го напушти Атлетико Мадрид на крајот од сезоната.
Симеоне на клупата на Атлетико седна во 2011 година, меѓутоа во последниот период неговиот статус не е толку сигурен. Важи Симеоне за најдобар тренер во историјата на „јорганџиите“ меѓутоа се наведува и дека забележителна е неговата исцрпеност.
Како една од потенцијалните причини за промена се наведува пристигнувањето на Карлос Букер во јануари на позицијата директор за фудбал. Набрзо по неговото назначување клубот го отпушти спортскиот директор Андреа Берта кој беше долгогодишен соработк на Симеоне.
Освен него отстранети беа и други блиски соработници на Аргентинецот, па така тоа ги зголемило тензиите. Исто така се наведува дека Букер не бил за останување на синот на Симеоне, Џулијано и тоа дополнително го влошило односот.
Односнот на Букеро се наведува како „студен“, а мерките за намалување на платите поради кои замениаа: Марио Хермосо, Стефан Савиќ, Алваро Мората и Мемфис Депај дополнително ја нарушија хармонијата.
Се пишува и дека Атлетико ги разгледува потенцијалните наследници на Симеоне. Едно од првите имиња кои се истакнуваат е Фернандо Торес кој работи во младите категории. Желба наводно е и Унаи Емери, меѓутоа тој тешко дека би успеале да го доведат поради резултатите кои ги забележува со Астон Вила. Се споменуваат уште Јулиен Лопетеги и селекторот на Шпанија, Луис Дел Фуенте.