„Милан ја доби
Шкендија“ пишува Калчомеркато, притоа додава дека среќата му се насмевнала на
калчолигашот од Милано.

„Милан ќе се
соочи со Шкендија“ пишува Тутоспорт.

„Ждребката за
Милан донесе нашиот претставник да има голема шанса за пласман во групите од
Лига Европа, Росонерите го добија вицешампионот на Македонија, Шкендија за
противник во плејофот“ пишува Газета дело Спорт која притоа има поопширна
најава за нашиот претставник.

„Македонците се
рангирани на 314. позиција на УЕФА ранг листата, не го освоиле шампионатот на
Македонија од 2011. година па наваму, во последните две сезони завршија на
второто место во својата лига. Тетовскиот клуб, предводен од Ќатип Османи, ова
лето мина низ три пречки во квалификациите за Лига Европа, и тоа Дачија,
Хелсинки и Тракаи. Последната победа над литванскиот противник со 3-0 дојде со головите
на двата најдобри техничари во тимот, дела на Бесарт Ибраими кој претходно го
носеше дресот на Шалке 04 во 2010. година и Ферхан Хасани, кои беа творци на
вчерашната победа“ пишува Газета дело Спорт.
Првиот меч се
игра на 17. август, каде нашиот претставник ќе биде домаќин, додека пак
реваншот е предвиден да се одигра една седмица подоцна во Милано.
Фото-вест: KF Shkendija (Facebook)