137
Вардар за противник во плејофот од Лига Европа го доби турскиот гигант, Фенербахче.
„Добивме силен противник, но не се плашиме. Ќе одиме да се надигруваме со нашиот ривал. Станува збор за екипа составена од играчи кои што играле во најсилните првенства и секогаш имаат фудбалски „ѕвезди“. Мислам дека ќе бидат два добри натпревари пред многу публика и во Скопје и во Истанбул. До сега на сите натпревари одевме со цел. Полни со отпимизам сме, веруваме сите дека можеме да го поминеме Фенербахче. Против секој тим ќе дадеме максимум, така ќе биде и на овие два натпревари“ – вели Бобан Николов за официјалниот сајт на Вардар.