Фудбалската репрезентација на Македонија се пласираше на првото место во групата на Лигата на нациите, откако ја совлада Летонија (1-0) во петтото коло од Ц сегментот, група 4.
По натпреварот на прес-конференцијата зборуваше селекторот Благоја Милевски.
„Честитки за моите фудбалери за истрајноста, решителноста и трпението кое го имаа од почетокот до крајот. Едноставно момците беа решени да го добиеме натпреварот денеска. Жал ми е што пропуштивме неколку прилики и порано не го одлучивме натпреварот. Кога играте против противник со толку густа одбрана за напаѓачите останува многу малку простор, а денеска сите си ја одиграа својата улога како што треба. За дефанзивата нема што да кажам и во овој натпревар, повторно не примивме гол и изгледавме одлично како целина“, изјави Милевски.
„Честитки за моите фудбалери за истрајноста, решителноста и трпението кое го имаа од почетокот до крајот. Едноставно момците беа решени да го добиеме натпреварот денеска. Жал ми е што пропуштивме неколку прилики и порано не го одлучивме натпреварот. Кога играте против противник со толку густа одбрана за напаѓачите останува многу малку простор, а денеска сите си ја одиграа својата улога како што треба. За дефанзивата нема што да кажам и во овој натпревар, повторно не примивме гол и изгледавме одлично како целина“.
Македонија го осигура првото место, ама со сигурност ќе оди на победа и во недела против Фарските Острови за подобар генерален пласман во Лигата на нациите.