Младиот и
суперталентиран 19 годишен македонски интернационалец Никола Ѓорѓев, минатиот
месец потпиша за Твенте, тој за официјалниот клупски сајт го сумираше
впечатокот од досегашните одиграни натпревари за овој клуб во подготвителниот
период.
„Сега мораме
шансите да ги претвораме во гол, мислам дека нашата форма се движи во нагорна
линија, мислам дека против Еспањол одигравме одличн, покажавме неколку добри
комбинации на теренот, создадовме шанси, но за жал не реализиравме“ издвои
Ѓорѓев коментирајќи го вчерашниот пријателски меч против Еспањол кој заврши без
голови.
Во однос на
адаптацијата во тимот, новопечениот сениорски репрезентативец на Македонија вели
дека минала одлично во овој период од месец дена.
„Одлично се
чувствувам во тимов, се чувствувам како да сум дома, како и би бил кога покрај
себе ги имам Марко Квасина, Дејан Трајковски и Харис Вучкиќ“ додава Ѓорѓев кој го носи дресот
со број „7“ во офанзивната линија на Твенте, инаку нашиот млад фудбалер веќе ги освои симпатиите кај тренерот Рене Хаке.
Како што
пишувавме и претходно, во тимот на Твенте има двајца фудбалери со македонско
потекло,освен Ѓорѓев, во тимот се наоѓа и Трајковски, повеќе за него, прочитајте – ТУКА.
Извор/Фото-вест:
fctwente.nl