Стојановиќ ја продолжи соработката со Сент Гален

by
1 минути читање

24 годишниот
Дејан Стојановиќ ја продолжи соработката со Сент Гален на дополнителни три
сезони, иако швајцарски „Блик“ најави до 2019, сепак нашиот голман потпиша
договор кој го обврзува на верност со клубот до 2020. година.

Добрите познавачи на македонскиот фудбал се сеќаваат на неговиот трансфер во италијанска Болоња пред шест години, тоа беше голема можност нашиот интернационалец во одлично првенство да се развива, меѓутоа тој
не доби вистинска прилика за докажување во Италија, по што следеа неколку промени
на клубовите, за на крајот да заврши во Сент Гален.

Стојановиќ кој
инаку има двојно државјанство, австриско и македонско, е втор голман во Сент Гален, ќе издвоиме дека има еден настап за
младата селекција на Македонија за фудбалери до 21 година.

 

Извор/Фото-вест:
blick.ch

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани