Ќатип Османи ги пронајде замените за Цуцули и Жуниор, познати се почетните состави за Шкендија – Тракаи

by
2 минути читање

Македонија има
историска шанса да има два претставника во плејоф рундата од квалификациите за
пласман во групната фаза од Лига Европа, откако Вардар се пресели во второто по
ранг европско клупско натпреварување, во плејофот може да се придружи и
Шкендија.

Шкендија има
негатива од првиот дуел во Литванија (2-1), но резултат кој отвора можност за
македонскиот вицепрвак по втор пат да се најде во плејофот, по ланскиот успех
каде беше сопрен од белгиски Гент.

За реванш
пресметката со Тракаи, стратегот од клупата на Шкендија, Ќатип Османи имаше
проблеми со склопувањето на составот, посебно оној почетниот, ако се земе во
предвид дека моторот во средниот ред на тимот, Стефан Вујчиќ го чека подолга
пауза, додека пак на првиот меч во Литванија црвени картони заработија Стенио
Жуниор и Ардијан Цуцули, па и тие ќе бидат вон комбинација за денешниот реванш
натпревар.


Ќатип Османи не
отстапува од формациската поставеност 4-2-3-1, но сепак мораше да направи
промени во однос на почетниот состав, па така од првата минута на реваншот ќе
стартуваат Теќа и Абдурахими. Теќа го менува Цуцули во дефанзивната линија,
додека пак Абдурахими како и претходно, го менува Жуниор по левата офанзивна
крилна страна.

Шкендија: Захов, Бејтулаи, Алими, Ибраими, Тотре,
Хасани, Челиковиќ, Радески, Бојку,Теќа, Тодоровски и Абдурахими.

Мечот помеѓу
Шкендија и Тракаи во третото квалификациско коло од Лига Европа се игра во
терминот од 17,00 часот, на стадионот „Младост“ во Струмица.

Главен арбитар ќе
биде Клејтон Писани од Малта.

 

Извор:
uefa.com

Фото-вест:
fkt.lt

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани