Дербито во првенството на Словенија помеѓу Олимпија и Марибор го обележа срамен скандал.
Натпреварот заврши без голови 0:0, но дури и во натпреварот да имаше многу голови ќе останеше во сенка на срамниот потег кој го направија фановите на Олимпија Љубљана.
На нивната трибина се појави транспарент на кој имаше нацртано јамка и пишуваше:
„Јојо, направи ни услуга“.
Со овој транспарент се алудираше на големите проблеми со депресијата кои ги имаше пред извесен период. Поради тие проблеми Иличиќ привремено и ја заврши кариерата, но потоа одлучи да продолжи.
Во својата кариера Иличиќ покрај сегашниот Марибор настапуваше за: на Бонифик, Инферблок, Марибор, Палермо, Фиорентина, Аталанта.
meanwhile, in Slovenia, the opponents' fans want him dead. Disgusting. pic.twitter.com/Y8gWQXsY5N
— Nino M (@NinoM72) November 13, 2024